Зоолошката во Скопје ќе добие нови животни

 

Нови животни ќе пристигнат во Зоолошката градина во Скопје. Ова денеска го најави новиот директор, Ѓорѓи Галетановски. Како што објави „Фокус”, слонови ќе пристигнат во август, а шимпанза и други животни ќе се обезбедат во септември.

 

-Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција. Зоолошката градина е лицето на градот. Јас како вршител на должноста директор, ќе работам и ќе дадам се од себе да го подигнеме рејтингот на највисоко ниво, за посетителите од целата држава да уживаат кога се овде. Најпрвин ќе работиме на хигиената. Сепак тоа е најважниот дел- вели Галетановски.

 

 

 

18.06.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега