Во дворот на Клиниката за детски болести во Скопје отворено детско игралиште

Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје од денеска е отворено детско игралиште. Тоа е изградено од Американската невладината организација ЛинкАкрос, во партнерство со софтверската компанија Армедиа и Клиниката за детски болести.
Во изградбата учествуваа вработени од Армедиа, како и други волонтери. Игралиштето е изградено од природен и квалитетен материјал и ќе биде прекрасно место за разонода на дечињата и нивните семејства додека ја посетуваат болницата.
Ова игралиште е второто од ваков тип изградено во партнерство меѓу ЛинкАкрос и Армедиа. Минатата година заедно реализираа сличен проект во основното училиште Кирил и Методиј во Стајковци.Со овој проект се продолжува долгогодишната успешна соработка помеѓу ЛинкАкрос и Клиниката за детски болести во Скопје, како што во минатото беше проектот за отварање на педијатриски ургентен центар во болницата, како и воведување на нови методи на одделението за интензивна нега преку размена на искуство со Американски доктори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









