Полициска акција во Скопје: Најмногу „летаат“ казни за овој сообраќаен прекршок

 

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22,00 до 05,00 од страна на Oдделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, беше спроведена акциска контрола со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од МВР известуваат дека вкупно се контролирани 304 возачи. 197 возачи се алкотестирани и кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 48 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата

 

 

 

10.06.2018 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега