Скопските кафеани ќе им даваат ваучери за такси на пијаните гости

Скопските кафеанџии ќе даваат ваучери за такси на пијаните гости. Оваа можност е дел од капмањата насловена “Ги возиме одговорните”, чија што цел е граѓаните да избегнуваат да возат под дејство на алкохол за да не ги загрозат својот и животот на другите учесници во сообраќајот. Вредноста на ваучерот ќе изнесува 100 денари, а ќе може да се добие со секоја он-лајн резервација направена преку интернет страницата restorani.mk.
Од РСБСП велат дека дополнителна причина за ваквата кампања се резултатите од минатогодишното истражување, кое покажало дека дури 85% од анкетрианите граѓани рекле дека некогаш возеле под дејство на алкохол.
Статистичките податоци покажуваат дека оваа година во нашата земја 40 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









