Подгответе се навреме: Без вода утре овие места низ Скопје

 

Корисниците од улицата „Мирче Оровчанец“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.

Како што информира Регионалницот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улицата „Мирче Оровчанец“ бр.13, а корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не завршат со интервенцијата.

Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 80 милиметри на улица „Блажо Орландиќ“, во населба „Лисиче“, утре од 9:30 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата. 

 

 

 

22.05.2018 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега