Шилегов ги смирува жителите на Кисела Вода: Ситеќе имаат пристапен пат до кружниот тек

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги смирува жителите на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода. Тој во изјава за Фокус вели дека ниту една улица нема да се затвори и дека сите ќе имаат пристап до кружниот тек кој ги спојува Кисела Вода и Аеродром.

-На куржниот тек се работи согласно правила, сите граѓани ќе имаат пристапен пат до него, вели Шилегов за Фокус.

Жителите на овој дел од Кисела Вода претходно излегоа на протест откако при изведба на градежните работи на улицата, почнаа да се поставуваат ниски ивичници на влезот од улицата.

 

 

 

21.05.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега