Вардар повтрно првак на Македонија
Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет.
За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија.
Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција.
За разлика од пред неколку години, кога натпреварите со Металург го одлучуваа шампионот.
Вардар претстојниот викенд го очекува одбрана на трофејот во Купот на Македонија, на завршниот турнир што ќе се одржи во Битола.
А веќе на 26 и 27 мај во Келн се игра „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, каде македонскиот клуб е бранител на европската титула и во полуфиналето ќе се соочи со Монпелје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа