Од 8 часот утре без вода ќе бидат овие наслеби во Скопје

Корисниците од селото Свиларе и Кондово утре од осум до 15 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти РЦУК.
Прекинот ќе биде поради поради реконструкција на ф-400мм во Пумпна Станица Свиларе.
Мал прекин во водоснабдувањето утре и в петок ќе имаат и жителите на Сингелиќ.
Прекинот е поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Синѓелиќ.
Со работа ќе се започне во периодот од 09:00 па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата, додава РЦУК.
Дел од корисниците на ул. „Орце Николов“ исто така утре од девет часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Прекин поради санирање на дефект, како што се наведува во соопштението на РЦУК, ќе имаат корисниците на потегот од ул.Ѓорѓи Пулевски до ул. Костурски Херои.
Дефектот е на приклучна ф-3/4 на ул. Орце Николов бб кај Вардар Мебел во населбата Дебар Маало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









