Паркинг на Треска 100 денари - граѓаните „бесни" за Први Мај

 

Дел од жителите кои одлучија денот да го поминат на езерото Треска, за паркинг требаше да платат 100 денари, поради што беа изреволтирани. 

Од ваквата одлука најмногу се жалеа тие кои имаат приколки во кампот.

Сопствениците на камп приколките велат дека другите денови паркингот е бесплатен, а директорот одговорен за одржување на езерото Треска, Аки Саити, за ТВ21 рече дека на секој сопственик на камп приколка му е дозволено место за еден автомобил, но, според него, сопствениците се обидувале да внесат повеќе автомобили и поради тоа им било побарано да платат паркинг.

 

 

 

01.05.2018 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега