Нов еко-автобус низ скопските улици

Новиот екоавтобус ќе сообраќа на релација Автокоманда-Сарај и обратно. Автобусот со број два денеска беше презентиран од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека ова еко-транспортно средство видно ќе ги намали трошоците на Јавното сообраќајно претпријатие, а како што вели тој ќе придонесе за почист амбиентален воздух.
Со цел зачувување на животната средина, Шилегов најави и дека утре ќе биде објавен конкурс за субвенционирање на велосипеди, на кој ќе можат да аплицираат и лицата со телесен инвалидитет.
Првиот човек на Град Скопје, уверува дека интензивно се работи на изградба на велосипедски патеки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









