Пајак службата во Скопје активна и викендов - отстранети непрописно паркирани возила во Центар

 

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со СВР Скопје и ЈП „Градски паркинг“ и овој викенд продолжува со отстранување на сите непрописно паркирани возила во Општина Центар.

Со цел расчистување на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во централното градско подрачје, денеска се отстрануваа сите непрописно паркирани автомобили во Дебар Маало, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и низ сите населби во општината.

ЈП ПОЦ апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да не ги паркираат своите возила на коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг за да се обозможи нормално движење на пешаците и безбедно возење по улиците. 

 

 

 

 

14.04.2018 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега