Инцидент на градилиште во Аеродром: Тргнете ги возилата, ќе ве фрлиме во контејнер

Во населбата Реонски центар-Аеродром утрово околу 10:30 часот се случил инцидент кога работници со градежна механизација им рекле на околните жители да ги тргнат возилата од паркингот за да влезат на местото каде што требале да почнат со подготовки за градба, објави „Макфакс“
Извесна госпоѓа која одбила да се препаркира била вербално нападната од еден од работниците, кој ѝ рекол дека ако не се тргне ќе ја фрли во контејнер. Расправијата продолжила со уште една група насобрани граѓани кои биле револтирани од присилното однесување на работниците. По пристигнувањето на екипата на „Макфакс“, на местото стигна и полициско возило што го повикале жителите.
На нивните барања не добиле одговор од надлежните во Општината Аеродром и денеска без да биде обезбеден теренот за отпочнување со градба и без да бидат информирани, пристигнала градежната механизација.
Полицискиот службеник кој направи увид им наложи на градежниците да ја повлечат механизацијата и да ги санираат штетите на тротоарот, а со градбата можат да почнат откако ќе приложат потребна дозвола од Град Скопје за обезбедување на теренот и ќе ги информираат граѓаните за времената узурпација на околниот простор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









