Водовод со информација за граѓаните: Утре дел од Скопје ќе биде без вода

 

 Без водоснабдување утре од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од делови од улиците „Аминта Трети“, „Пиринска“, „Орце Николов“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар.

РЦУК по известување од ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на крстосницата од улиците „Аминта Трети“ и „Пиринска“.

 

 

 

28.03.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега