Меѓународната конференција за современа дијагностика во МАНУ

 

 Повеќе од 100 странски и домашни научни работници се очекува да учествуваат на меѓународната конференција „Next Generation Diagnostics" што од денеска до 24 март ќе се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Сегашните и идните можности на новите секвенционирачки технологии за дијагноза на малигни, наследни и инфективни болести ќе ги презентираат 18 врвни странски и двајца домашни предавачи.

На конференцијата која е под покровителство на Меѓународниот центар за генетско инженерство и биотехнологија, Трст, Италија, ќе бидат доделени и 20 стипендии на млади научници. 

 

 

 

22.03.2018 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега