Чаир ќе потроши илјадници евра за ексклузивни пенкала и јакни

 

Општина Чаир распиша оглас за набавка на ексклузивни пенкала, слушалки за мобилен, торба за велосипед, пролетни јакни за кои ќе потроши повеќе од 70.000 евра, објави порталот Независен.

За каква цел и за кого ќе бидат наменети сите овие работи не е познато.

Во огласот е наведено дека станува збор за набавка и печатење на рекламен и промотивен материјал. Меѓу останатото се бараат спортско ранче во четири бои, кожни приврзоци, касичка за пари, се бара набавка и печатење на приврзок со клуч со светилка,  УСБ-ЛЕД светилка, капи, маици, спортски ранчиња во четири бои.

Неодамна, гладоначалникот на општината, Висар Ганиу се откажа од набавка на службено возило и најави дека за извршувањето на секојдневните задачи ќе го користи сопствениот автомобил.

 

 

 

20.03.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега