Анти-албански графити осамнаа во Скопје

 

Антиалбански графити се појавија на  ѕидот на Институтот за Албанското Културно и Духовно наследство, во близина на градскиот парк.

Авторот тоа го напишал на три места, за да се гледа од сите страни на улицата. 

- „Имавме неколку вакви случаи кои што не вознемирија, се случувало и да ги запалат елките во дворот , сме имале разни притисоци. На пример, не е првпат да пишуваат графити, но графити со вакви наслови имаме прв пат, го нацртале и знакот за да не потсетат на Втората Светска Војна, кога Евреите биле обележувани и биле напаѓани, тој знак нас не вознемирува“, вели Асани, за ТВ21.

Ова е втор инцидент за едно деноноќие во Скопје. Вчера група демонстранти повикуваа „депортирање на Албанците“, со пцости со националистичка содржина.

 

 

 

16.03.2018 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега