Богдановиќ: Во Центар нема да се градат станбени објекти на небезбедни локации, особено на Водно

 

 

Сопственици на куќи меѓу улицата „Партение Зографски“ и хотелот кај Клиничкиот центар, со петиција од општина Центар бараат да не се издаваат одобренија за нови објекти, поради нестабилност на теренот.

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, како што соопштуваат од општината, вели дека нема да дозволи станбени објекти да се градат на недоволно испитани и небезбедни локации.

- Мора да се почитуваат основните параметри и затоа во моментот надлежните и комисиите во општина Центар вршат ревизии на сите ДУП-ови. Особено внимание ќе се обрне на ДУП-овите за Водно, за да се испита каде тлото е порозно и наклонето на слечишта. Овој дел, како и целиот Центар се преизградени и од урбанистички плански аспект мора да има целосна заштита. Ќе се прават детални микро-локациски испитувања кои ќе бидат доказ за стабилноста на својата и на околните градби, вели Богдановиќ.

Додава дека ќе се разгледааат и препораките на експертите заради безбедност на одредени делови да има намалување на катноста и да не се издаваат нови одобренија за градба. 

 

 

 

15.02.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега