Шилегов ќе го продава Мерцедесот - бил стар и небезбеден

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ќе го продаде „мерцедесот“ што го наследи од претходниот градоначалник Коце Трајановски.
Според Шилегов, ова возило не е функционално, старо, небезбедно и ја загрозува животната средина. Произведено е во 2003 година, има поминато 14.000 километри. Возилото ќе се продава на јавно наддавање, но треба да се направи проценка за да се утврди неговата почетна цена.
„Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно“ - изјави Шилегов на брифинг со новинарите.
Во меѓувреме, скопскиот градоначалник се служи со сопствено возило кое го користи и за службени потреби. Како што информираат од Град Скопје, градоначалникот нема намера да купи луксузно возило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









