Ова е најлудото сценарио за ЕП во ракомет
Хрватска и Франција ќе се соочат вечерва во дербито на сите дербија за место во полуфиналето на Европското ракометно првенство, а домаќините имаат неколку опции како може да стигнат до пласман меѓу најдобрите четири. И додека се водат сите математики, во кои вклучена е и скандинавската пресметка Норвешка – Шведска, која исто така решава, најлудото сценарио кое може да се случи е – полуфиналист да се бара со ждрепка, пишува Спорт 1.
Хрватска ќе биде полуфиналист ако:
– ја победи Франција, Шведска не ја победи Норвешка,
– ремизира во Франција, а Шведска изгуби од Норвешка,
– ако ја победи Франција со три гола разлика
– ако ја победи Франција со два разлика, а даде најмалку 22 гола
– ако ја победи Франција со 21-19, а Шведска да ја победи Норвешка со било кој резултат
– ако изгуби од Франција, а Норвешка да ја победи Шведска со најмногу четири гола разлика, но да не дадат Норвежаните повеќе од 31 гол.
Дуелот Норвешка – Шведска се игра од 18.15 часот, додека Фрација и Хрватска ќе се соочат во вечерниот термин од 20.30 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа