Червар со емотивна изјава одговори на критиките: Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова

 

Хрватска прикажа фантастичен ракомет и вчера сосема заслужено ја победи Норвешка со 32:28. Селекторот Лино Червар доби многу навреди во последните неколку денови и обвинувања дека веќе е застарен тип на тренер за овој модерен ракомет, а откако неговата Хрватска се прикажа во најдобро светло во триумфот над силната Норвешка, Лино одлучи да се пожали за третманот кој го добива во својата родна земја.

Черва после мечот со Норвешка изјави дека играле модерно на првите два натпревари, на кои сепак не одиграле така добро. За неупехот со Шведска, Червар вели дека скандинавците ги фатиле на спиење.

-Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова. Никогаш не сум добил толку навреди како во претходните неколку дена. Тоа ми го прават цела кариера, за жал, кај нас тоа е нормално. Не сум светец, и јас грешам, но треба да се има достоинство. Навистина сум многу чувствителен на навреди, рече Червар.

Што се однесува до денешниот меч, Червар вели дека играле еден модерен ракомет, одбраната била гранитна и го направиле најважното.

-Ја спречивме нивната напаѓачка транзиција. Сите играчи денес беа фантастични, а посебно публиката. Многумина сметаа дека во Загреб нема да имаме поддршка како во Сплит, но јас знаев дека навивачите ќе се вратат, посочува Лино.

 

 

 

21.01.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега