Колумна за Раул на „Балкан Хендбол“: Командантот и неговата армија

 

По колумната на реномираниот сајт „Ballkan Handball“ за нашиот Столе Стоилов, сега на овој ист сајт следуваше нова овој пат посветена на „Командатот“, односно Раул Гонзалес.

На стартот на колумната се истакнува Раул Гонзалес како главен „виновник“ за одличниот настап на македонската репрезентација, но уште се додава и дека за успехот се важни огромната љубов на нашиот народ кон ракометот, како и успехот на Вардар во Келн. Како што се наведува, Стоилов е единствениот македонски репрезентативец во Вардар, но повторно се додава дека тука е Гонзалес.

Авторот на колумната, Сретен Рашковиќ како еден најважните факти го истакнува тоа што иако е Шпанец, нашиот командат го познава македонскиот јазик и истиот добро го зборува.

Рашковиќ зборува и за тоа каков господин е Гонзалес надвор од паркетот. Имено, Гонзалес на денот на „Фајнал Фор“ во Келн без никаков проблем прифатил интервју и без никакви протоколи.

На крајот се истакнува дека не може ниту да замисли каква би била иднината на клупскиот ракомет доколку Раул „завладее“ во соблекувалната на милионите од Париз, ниту Голден Стејт не би можел да ги запре…

ТУКА можете во целост да ја прочитате колумната посветена на „Ел Команданте“

 

 

 

20.01.2018 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега