Хрватите жестоко удрија по Борко откако нашиот голман го нападна Червар

 

Откако Борко Ристовски и Лино Червар ја „спукаа“ на ЕП во хрватска, се изјасни и хрватската јавност, која очекувано го нападна македонскиот голман.

-Мрш. Како не ти срам да плукаш по еден господин. Кога ќе постигнеш барем 1% од успехот на Червар, тогаш ќе можеш да зборуваш за него…, Тој ги научи Македонците да играат ракомет, кој некогаш слушнал за нив, доста пишувате глупости, се само дел од коментарите на хрватските ракометни фанови.

Борко Ристовски со нова рафална стрелба го „изрешета“ Лино Червар!

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, беше ептен интересен за хрватските новинари со неговата навредувачка изјава за селекторот на „коцкестите“ Лино Червар, поради што колегите од весникот „24 сата“ му направија поголемо интервју во кое тој со рафална стрелба го изрешета поранешниот предводник и на нашата селекција.

За „Маго ди Умаго“ нашиот чувар на мрежата кажува многу лоши зборови и потенцира дека тој е главната причина за лошиот настап на Хрватска на Европското првенство (ЕП) на кое се домаќини.

-Червар е емотивно исцрпен и нестабилен човек, кој снима смешни реклами. Он е повеќе политичар отколку спортист, кој ги опчинува масите со големи зборови наместо дела. Долго време живее во минатото и не го следи модерниот ракомет и тоа е главниот проблем на Хрватска на ова ЕП. Па човекот на располагање има една од најдобрите репрезентации, со куп врвни играчи, услови какви што нема никој и сјајна поддршка од трибините, а прашање е дали воопшто ќе стигне до полуфиналето. Тоа што Червар го играше досега е далеку од вистинскиот ракомет, вели Ристовски.

Борко со искусниот тренер кусо соработуваше во Металург, а не беше во негова милост додека беше селектор на Македонија.

-Брзo сфатив дека Лино е тренер кој воопшто нема спортски амбиции и дека негова главна цел е себепромоцијата и парите. Зошто никој не се запраша како тоа Червар не замина да работи во некој голем клуб туку работи во Македонија за големи пари без притисок. Знаете колкава е разликата помеѓу него и сегашниот наш селектор Раул – огромна. Со Лино на минатото СП бевме 15-ти, а сега ја минавме првата фаза со големи шанси за полуфинале, дополни Ристовски.

Македонскиот чувар на мрежата смета дека Хрватска играла подобро и помодерно со Славко Голужа.

-Хрватска на секоја позиција е максимално добро покриена со врвни ракометари кои играат во големи клубови. Не е на мене да зборам кој би бил подобар од Лино, но можам да кажам дека според мене Хрватска играше многу подобро под палката на Славко Голужа, дополни Борко.

Червар одговори на провокациите на Борко

По низата изјави и провокации кои македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски ги испрати на адресата на Лино Червар, се огласи и хрватскиот селектор.
-Сметам дека тоа е провоцирање, ништо друго. Нема никаква важност. Се обидуваат да ми го нарушат мирот. Сите кои не познаваат мене и него, знаат се. Јас немам никаква потреба да зборувам за него, истакнал Червар за хрватските медиуми вчера.

 

 

 

20.01.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега