Душебаев се огласи пред судирот меѓу Шпанија и Македонија

-Македонија игра сензационален турнир, го има еден од најдобрите тренери во светот, и мислам дека тоа ќе биде еден неизвесен натпревар, вели шпанскиот десен бек кој македонската јавност добро го знае, Алекс Душебаев.

Душебаев дели дека Македонците ќе влезат во групата со три бода, што секако ќе биде посебен предизвик за Шпанија.

-Имаме неколку дена да се подготвиме. Во добра позиција сме, тренерот добро го поставува натпреварот. А во недела навечер ќе излеземе со сите расположиви сили против Макеоднија, вели Душебаев.

Шпанија е една од ретките селекции против кои засега немаме реализирано победа на некое големо натпреварување.

 

 

 

19.01.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега