Фото: Хрватите запрепастени - Македонија со поголема поддршка од Хрватска во Загреб

Хрватската репрезентација се пресели во загрепска „Арена“ каде ја игра втората фаза од Европското првенство, првиот меч го играа против Белорусија а тој за нив помина разочарувачки речиси во секој поглед.

Хрватска едвај успеа да ја победи Белорусија и да освои нови два бода во битката за полуфиналето, а она што дополнително го загрижува домаќинот е слабата посетеност на мечот.

Загрепска „Арена“ има капацитет од 15.000 гледачи, на вчерашниот натпревар на Хрватска официјално присуствуваа 8.100 гледачи. За разлика од Сплит каде салата беше полна, во Загреб таа е скоро полупразна.

Како причини за малата посетеност хрватските медиуми ги наведуваат цената на влезницата која е висока за просечен Хрват, разгаленоста на загрепската публика која не сака да гледа противник како Белорусија и навреденоста на навивачите кои не ги интересира репрезентација која губи од Шведска.

Медиумите потенциираат дека на натпреварот помеѓу Македонија и Словенија во првото коло во загрепска „Арена“, имаше повеќе публика отколку на вчерашниот натпревар помеѓу Хрватска и Белорусија.

 

 

 

19.01.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега