Хрватски медиуми: Македонците кралеви на Европа

Повеќе од 4.000 македонски навивачи беа присутни на секој меч на нашата репрезентација, што беше доволно да се окупира хрватската метропола. Македонската репрезентација со две победи и една нерешено изиграна утакмица, е вистинска сензација.

Еден од најпрестижните хрватски медиуми, „24 Сата“ ја испофали македонската нација, која е сензацијата на Европското првенство (ЕП) во Хрватска. Македонија со две победи и реми против европскот првак, Германија ги освои срцата на ракометните фанови, а навивачката колонија во Загреб го обои градот во „црвено-жолто“.

Во насловот на порталот стои дека ние сме „кралеви“, а нашите навивачи - владетели на главниот град на Хрватска.

 

 

 

18.01.2018 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега