Германскиот џин кажа што мисли за Кире Лазаров

Германскиот ракометар Фин Лемке требаше да биде дефанзивниот џокер на тренерот Прокоп во дуелот со македонската репрезентација.

Во однос на искуството за дуелите на линијата од шест метри со Стојанче Стоилов Лемке вели:

“Тој е силен дечко. Не е честа појава еден ракометар да има поголема тежина од нас. Тој е супер дечко, многу е забавно да се игра против него бидејќи е еден од најдобрите пикери во светот.”

Германскиот дефанзивец призна дека Македонија ги изненадила со играта седум на шест.

“Дефинитивно не изненади. Нашиот фокус беше повеќе ставен на игра шест на шест”, пренесува 24rakomet.

 

 

 

18.01.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега