Македонската фаланга пред европската публика испрати порака за Игор Дурловски

Македонските навивачи кои вечерва ги бодреа ракометарите на мечот против Германија, испратија порака која ја виде цела европска публика.

Публиката развеа транспарент со порака за поддршка на Игор Дурловски кој се наоѓа во притвор за настаните од 27-ми април во Собранието.

Дурловски е познат како професионален оперски пејач ширум светот, а поради политички прогон во моментов се наоѓа зад решетки. Македонската фаланга сакаше ова да биде силната порака:

„Ние сме македонската фаланга. Ние сме Игор Дурловски. Не ме викај ФИРОМ“!

 

 

 

17.01.2018 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега