Столе се огласи за промашениот зицер

Стојанче Стоилов ја имаше шансата да биде јунак, но не го резлизира зицерот кој го имаше во последниот наш напад од дуелот со Германците, при резултат (25:25).

-За малку, нели, кога ќе утнеш еден таков зицер, тогаш ова нерешено не ти е толку  слатко. Имав шанса да го решам натпреварот, избрзав, шутнав лошо. Имав среќа, соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок каков што можеше да биде. Да имавме четири бода. Но, тоа е тоа… Денеска не погодив, утре можеби ќе дадам. Тоа е ракомет, тоа е спорт. Ќе бев навистина трагичар, но ете, соиграчите колку-толку ме покрија, изјави Стоилов по натпреварот во кој Македонија ја измачи Германија.

 

 

 

17.01.2018 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега