Словенците пред одлука за напуштање на првенството: Неизвесен мечот Словенија - Црна Гора

Неизвесен е мечот меѓу Словенија и Црна Гора со која вечерва треба да се затвори првата фаза во нашата група. Натпреварот е закажан во вечерниот термин од 20:30 часот но неизвесно е дали Словенците воопшто ќе ги облечат дресовите и ќе истрчаат во загрепска Арена.
Причина е најавата за можно повлекување од првенството поради сомнителното судење на мечот со Германија.
Имено, Словенците виделе дури 19 грешки со кои била оштетена нивната репрезентација.
Словенечката федерација најави и тужба до арбитражниот суд во Лозана.
Словенците се уште не ја соопштиле конечната одлука дали остануваат на првенството или во знак на револт ќе се повлечат. 

 

 

 

17.01.2018 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега