Најдобрите 5 гола од првата фаза во групите А и Б - прво место за играчот на Вардар (Видео)

Веќе е завршена првата фаза во групите А и Б на Европското првенство во Хрватска, а ЕХФ по последните мечеви направи Топ 5 листа на најатрактивните погодоци од овој дел.

На петтото место е крилот на Австрија, Роберт Вебер. Погодокот на Србинот Бојан Белјански е четврторангиран, на трето место е вчерашниот неверојатен гол на Гудјор Валур Сигурдсон, додека на второто место се најде норвешкиот бек Сандер Сагосен.

Голот  број еден е дело на вардаровиот бек, Игор Карачиќ кој на пресметката со Исланд изведе брза контра, го претрча целиот терен и со мајсторски удар го измами голманот Густавсон.

 

 

 

17.01.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега