Вујовиќ во свој стил со контроверзна изјава по мечот

 

Веселин Вујовиќ по мечот спортски им на чесита победа на нашите ракометари, но во свој стил се пожали на судиите преку контроверзна изјава.

-На крајот на првиот дел и почетокот на второто полувреме ѝ дозволивме на Македонија да се разигра, а подоцна да го преземе водството. Во тие моменти ни беше тешко да се вратиме во игра. Заслужена победа на Македонија, па сега нам ни останува да бркаме победа над Црна Гора и Германија, изјави Вујо.

Словенечкиот селектор рече дека мислел оти во своите 45 години во ракометот знаел нешто за овој спорт, но очигледно, како што рече, се лажел.

– Мислев дека ракометот се игра за ракометарите, за навивачите, а не за судиите да имаат свое шоу. Во 90% од ситуациите имаше смешни судиски одлуки, најчесто во корист на Македонија и доколку ЕХФ ја оцени оваа арбитража како добра, тогаш треба да почнам да се занимавам со нешто друго. Можеби ќе станам рудар, кога веќе не се разбирам од ракомет, рече Вујовиќ.

Нашите момци утре имаат слободен ден, а веќе в понеделник ги очекува вториот меч, против селекцијата на Црна Гора. Стартот е закажан за од 20.30 часот, во загрепска „Арена“.

 

 

 

13.01.2018 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега