Шилегов: Не ги примив децата да ми пеат верски песни, организаторите ќе платат за автобусите

 

Градоначалникот на Град Скопје денеска рече дека организаторите на манифестацијата „Бадникови поворки“ ќе си платат за користењето на автобусите на ЈСП„Скопје“, со кои децата беа носени пред црквата Свети Димитрија и Соборниот храм Свети Климент Охридски, откако претходно беа кај градоначалниците на општините и им пееја Бадникарски песни.

Како што пренесе САКАМДАКАЖАМ, Шилегов истакнал дека тој како татко на Град Скопје не го нарушил уставниот принцип.

„Здружениeто се обрати до Градот со две барањa, едното да ги примам децата како градоначлник на пеење коледарски песни и второто да ставиме на располагање дел од капацитетите на ЈСП ’Скопје’. Како градоначалник на Скопје сметав дека не е во ред да примам деца и не ги примив. Но, како градоначалник сметав дека Градот има капaцитет да даде автобуси, за што ќе се наплати. Во текот на утрешниот ден ќе се знае бројката колку автобуси биле ангажирани и ќе се фактурира на организаторите. Од ниту една институции со која јас раководам и јас како градоначалник со ништо не беше нарушен уставниот принцип на секуларноста на државата односно одвојувањето на државата од црквата. Верските убедувања на моите сограѓани, од било која вера да се, ги почитувам во целост. И оние кои немаат верски убедување ги почитувам во целост“, рече Шилегов.

 

 

 

08.01.2018 - 15:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега