Градоначалникот Шилегов откри кај кого се паднала паричката

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа литургија по повод големиот празник Рождство Христово - Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г.. Стефан, а присуствува и скопскиот татко Петре Шилегов.
- Очекувам дека во текот на оваа година и ние кои што сме избрани да работиме на подобрување на квалитетот на животот на луѓето во целост ќе ги исполниме нивните очекувања. 2018 е година во која што конечно политички ќе ја стабилизираме земјата за да може да почнеме да ги имплементираме сите овие работи за кои што зборувавме во текот на изборните кампањи, рече градоначалникот Шилегов.
Паричката од бадниковото лепче кај Шилегови се паднала кај синот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









