Воздухот за празничниот викенд рекордно загаден - 30 пријави во пожарна за бадникарски оган

И покрај апелите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и црквата, вчера скопјани запалија бадников оган, се веселеа, и играа оро.
Вчера, според индексот за квалитет на воздух на Министерството за животна средина, најштетен воздух дишеа жителите на Лисиче каде се измерени рекордни 524 микрограми од канцерогените ПМ 10 честички, а ништо помалку не е измерено ни во Карпош, Гази Баба и Ректорат.
Како што пренесе ТВ21, од Противпожарната бригада велат дека синоќа имале 30 пријави од граѓани за оган на отворено место и тоа од Лисиче, Аеродром, Бутел и други скопски општини.
06.01.2018 - 20:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









