Новогодишната програма на Плоштадот Македонија збогатена со претставата „Дедо мраз во пензија“

 

 Новогодишна претстава и многу забава може да се види на „Улицата на радоста“ на Плоштадот Македонија за новогодишните празници.

„Дедо Мраз во пензија“ е претставата што синоќа беше изведена, каде Дедо Мраз е придружуван од Белата  и Темната  кралица, ангелите и џуџињата. По претставата, соопшти Град Скопје, на актерите им се придружи и новогодишната музичка парада и заедно прошетаа низ улица Македонија и Плоштадот.

Претставатите е предвидено да се одржуваат двапати дневно секој ден до 31 декември од 13 и 18 часот, кога се очекува официјалното пристигнување на Дедо Мраз во 12 часот. Неговото пристигнување, најавуваат од Град Скопје, ќе биде изненадување за сите посетители а воедно ќе испрати и можна порака.

нова година дедо мраз

На плоштадот Македонија се одржува и базар на кој можат да се најдат рачно изработени предмети, топли напитоци, вкусна храна и разни подароци

 

 

 

29.12.2017 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега