Запрежни коли во Центар само после 22 часот

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, оствари средба со командирот и претставници од одделението за превенција на полициската станица "Центар"

Договорено е продолжување на соработката и преземање заеднички акции, се со цел Центар да биде безбедно место на живеење. Ќе се едуцираат граѓаните како, особено пред новогодишните празници, кога општина Центар е центар на сите збиднувања и има најголема фреквенција на движење, да се заштитат возилата и домовите од кражби.

Особено внимание ќе се обрати на учениците и помладата популација, да бидат запознаени со опасностите од користењето на разни пиротехнички средства.

 

Посебен проблем во Центар е движењето на запрежни возила и затоа ќе се разгледа можноста за движењето на овие возила да биде по 22 часот.

 

 

 

29.11.2017 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега