Инспектори од општина Центар денеска ќе вршат инспекција на три објекти

 

 Инспектори од општина Центар по устен налог на градоначалникот Саша Богдановиќ,  ќе вршат инспекција на три објекти - на приватен објект на Кале, приватниот објект позади стара „Томче софка“ и Градска куќа  со хотелскиот комплекс, која порано беше во сопственост на Димитрис Кондаминас.

- Инспекторите проверуваат дали сопствениците на објектот на Кале имаат одобрение за градба и неопходна документација. Кај објектот позади стара „Томче софка“, не е истакната задолжителната табла со податоци за инвеститор и одобрение за градење, што е спротивно на законот. Од сопственикот и од инвеститорот на Градска куќа  со хотелскиот комплекс, која е дел од проектот „Скопје 2014“,  побарана  е целосната документација, се вели во соопштението од општина Центар.

Оттаму посочуваат дека инспекторите врз основа на  констатираната фактичка состојба ќе изготват решенија за натамошните постапки на општината. 

 

 

 

26.10.2017 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега