Вино Скоп 2017: Промотивни цени, многу вино, музика и забава

Овогодинешниот Вино Скоп ќе се одржи од 20-ти до 24-ти септември, а за посетителите традиционално ќе понуди уникатно винско доживување.
Локацијата на фестивалот- плоштад „Мајка Тереза“ ( пред МОБ), е идеално место и за дневни „after work” забави кои ќе започнуваат во 17:00, а за време на викендот, посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12:00 на пладне.
Во овој период од денот, винариите ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси. Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро.
Ова е 12-то издание на најпознатиот македонски вински фестивал, а по вторпат се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ , локација која што минатата година се покажа дека е навистина одлична за фестивал кој го слави пијалокот на боговите. Вино Скоп по 12-ти пат е поддржан од Град Скопје.
Да ја продолжиме традицијата, да ја дочекаме есента заедно на Вино Скоп 2017.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









