Тешко повреден мотоциклист од Скопје итно донесен во Градска болница

Вчера околу 20:00 часот во Градска општа болница во Скопје бил донесен повреден 28-годишниот Ф.А. од Скопје.
Тој, на улица „Босна и Херцеговина“ во населба Бутел, управувајќи мотоцикл „Џилера“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
04.09.2017 - 13:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









