На скопјанец му подметнале пожар - му изгоре возилото

Непознато лице рано изутрината опожарила возило на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Скопје.
Околу 3 часот и 30 минути изутрината во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека на улицата„Коста Абрашевиќ“ од страна на непознато лице било опожарено патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки.
Горело возилото на 39-годишниот Ф.Џ од Скопје, соопшти полицијата. Возилото било опожарено во внатрешноста, а покрај него било пронајдено пластично шише со непозната течност.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
03.09.2017 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









