Каролина Гочева и Игор Џамбазов на „Супер Скопје" - многу музика, луда журка и забава

 

Овој викенд на програмата на „Супер Скопје“ се домашни изведувачи. Првата вечер од забавата се одржува на улица Македонија.

Оваа вечер, како што соопштуваат од Град Скопје, за одличната забава се погрижија Ди Џеј Дела и составот Ај Кју, а спектакуларен крај на вечерта стави фантастичниот настап на Каролина Гочева.

Супер Скопје на улица Македонија продолжува и вечерва со почеток во 22 часот, каде посетителите ќе се забавуваат со Тамара Тодевска, како и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.

 

 

 

02.09.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега