Привремен сообраќаен режим викендов во Скопје - еве каде нема да се вози

 

Град Скопје информира дека утре на крстосницата на булеварот „Трета македонска бригада“ со улицата „Никола Карев“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Привремениот сообраќаен режим, како што се наведува во соопштението од Град Скопје, е поради изведување градежни работи за асфалтирање, кои ќе се одвиваат од 10 до 15 часот.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност, во своето движење да ја користат околната патна мрежа. 

 

 

 

25.08.2017 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега