Кои ќе бидат кандидатите за градоначалник на Скопје

 

Кои ќе бидат кандидатите кои ќе ги вкрстат копјата во трката за градоначалник на Скопје. Она што е веќе официјално е тоа дека Коце Трајановски ќе бара нов мандат од скопјани. Актуелниот и веќе долгогодишен градски татко очекува да ја добие довербата на граѓаните врз основа на до сега реализираните проекти но и програмата која ја подготвува за следниот мандат.
Во СДСМ работите се уште не се така јасни. Во игра се неколку кандидати и се уште не може да се добие официјална информација кој ќе ја добие партиската доверба.
Се спомнуваат имињата на Петре Шилегов и Стево Пендаровски, иако не се исклучува можноста тоа да биде и Андреј Жерновски иако, како што одминува времето и поставеноста на СДСМ кон него, извесно е дека тој ќе остане без партиска кандидатура и во Скопје но и во Центар каде што е актуелен градоначалник.
Во албанскиот политички блок исто така владее молк. Скопје не е атрактивна единица на локалната самоуправа за албанските политички партии, но нивните гласови речи си секогаш се пресудни во изборот на градоначалник. Оттука, не зачудува фактот што тие воопшто не брзаат со објавување на имињата на кандидатите.
Согласно досегашната пракса, албанските политички партии прават договор со македонските и во замена за нивната поддршка во Тетово и Гостивар, даваат поддршка најчесто во главниот град и во Куманово.

 

 

 

25.08.2017 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега