Познати кандидатите за градоначалник на скопски Карпош

 

Извесно станува како ќе изгледа гласачкото ливче во скопски Карпош. На него, речи си извесно е дека ќе се најде Стевчо Јакимовски. Се уште не може да се добие информација, дали тој ќе биде кандидатот кој ќе биде поддржан од коалицијата „За подобра Македонија“ иако е речи си извесно дека Јакимовски ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ како кандидат за градоначалник на социјалните мрежи веќе се промовираше претседателот на општинската организација на СДСМ во Карпош Душко Весковски. Тој подолг период плаќа за реклами на Facebook, а одржува и средби со граѓаните промовирајќи се како кандидат за градоначалник.
Во оваа општина официјално, ќе има и еден независен кандидат.  Се разбира, доколку ги собере потребните потписи.
Станува збор за повратникот од Австралија Владимир Кофчегарски кој е активен во бизнис секторот.

„Денес официјално ја поднесов мојата кандидатура за независен кандидат за градоначалник на општина Карпош. Карпошани заслужуваат да добијат независна опција која достоинствено ќе ги брани нивните интереси, а не партиските“, пишува Кофчегарски.

Кофчегарски побара од карпошани да му помогнат во собирање потписи за тој да може да влезе на кандидатската листа за градоначалник на скопската општина.

 

 

 

 

 

24.08.2017 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега