Времен сообраќаен режим за вечерашниот меч Вардар-Фенербахче

 

СВР Скопје од 14 часот воспостави посебен сообраќаен режим на движење на возила и пешаци кон стадионот „Телеком арена“ во Скопје поради вечерашниот натпревар меѓу фудбалските клубови „Вардар“ и „Фенербахче“ што се игра од 20 часот.

Притоа, информираат од МВР, идентично на мерките од неодамна одржаниот суперкуп на УЕФА, се пропуштаат само возила и лица коишто имаат посебни акредитации за движење кон стадионот и кон објектите лоцирани во непосредната околина на Градскиот парк, како и оние лица коишто имаат билети за најавениот фудбалски натпревар. 

 

 

 

17.08.2017 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега