Проверете дали утре ќе имате вода

 

 Корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Наум Наумовски Борче“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Аминта Трети“ бр.33.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го отстранат дефектот. 

 

 

 

08.08.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега