Апел да се избегнува ноќна посета на шумата „Водно“ поради опасност од пожари

ЈП “Паркови и зеленило“ - Скопје упати апел за изебгнување на ноќна посета на шумата „Водно“ поради опасност од пожари.
- Апелираме до граѓаните, поради високите температури што следат наредните денови, и опасноста од евентуални пожари, да избегнуваат ноќна посета во парк – шумата “Водно“. Истовремено, замолуваме да се избегнува фрлање на отпушоци, правење скара на отворено и сите останати дејствија што се потенцијална можност за настанување пожари, се наведува во соопштението од ЈП “Паркови и зеленило“ - Скопје.
02.08.2017 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









