ФОТО: Ако го видите овој скопјанец веднаш јавете се во полиција

Во 22 часот и 40 минути во Полициска станица -Карпош, се јавила 35-годишната Ј.П. од Скопје и пријавила дека истиот ден околу 12 часот, од семејниот дом, во непознат правец се оддалечил 84-годишниот М.П.
На јавната објава со фотографија споделена на социјалните мрежи, пишува дека тој се изгубил во реонот кај Лептокарија, и дека боледува од Алцхајмер. Ако го видите јавете се веднаш во полиција или на бројот 077 80 33 74.
23.07.2017 - 13:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









