Скопје добива ново место за свадби: Комплекс свадбени ресторани "Ла Тана"!

 

Со големо задоволство ве известуваме дека повеќе парови го направија вистинскиот избор - и со партнерот и со ресторанот! Првите свадби во новиот комплекс свадбени ресторани "Ла Тана" се закажани.

Кога тимот зад една од најпопуларните гостилници во градот реши брендот "Ла Тана" да заплови во брачните води, ја зацрта својата цел високо - оваа свадбена сезона Скопје да добие ново зборно место за свадби од соништата.

За локација беше избран Камник - идеална позиција на влезот во градот, со лесен пристап од булеварот Александар Македонски, опкружена со природа, а на само 5 километри од центарот и со неверојатен поглед на Скопје.

Ресторантскиот комплекс е дизајниран во луксузен стил, водејќи се од врвни естетски и архитектонски стандарди, со избор на материјали и бои кои го прават елегантен и гламурозен. Има две сали, голема за 550 гости и помала за 350 гости, издвоен внатрешен и надворешен бар за коктели, голем сопствен паркинг и хортикултурен простор уреден така што природата околу  и самата станува дел од свадбената сцена.

Ентериерите на двете сали се разликуваат меѓусебно со естетските карактеристики, атмосфера и доживување, така што младите имаат дополнителен избор при организирањето на уникатна свадбена веселба. За младите предвиден е и луксузен апартман за преноќување со свадбен појадок, со што се комплетира искуството за совршен почеток на брачната приказна.

"Ние докажавме дека веселбата е најголема, а трпезата највкусна во Ла Тана. Сега на нашите гости сакаме да им понудиме уште едно незаборавно искуство - свадба за паметење! Ако има ден кога е важно да се има око за детали и некој што ќе се погрижи сите тие да бидат беспрекорни, тоа е денот на вашата свадба. Затоа, наша мисија е свадбата во Ла Тана да биде воодушевување за секое сетило, почнувајќи од богатото и разновидно мени, преку совршениот амбиент, до врвната услуга, вели сопственикот Горјан Тиковски.

Повеќе веренички парови кои сакаа местото на нивната свадба да биде ново искуство и за нив и за нивните гости веќе букираа термини и свадбениот ресторан "Ла Тана" забрзано се подготвува за првите свадби во август.

За својата премиерна сезона "Ла Тана" нуди специјален свадбен пакет со богато, вкусно мени и со голем број вклучени услуги со кои младите ќе добијат гламурозна свадба за промотивна цена која ќе се вклопи во сечиј буџет.

"Нашиот тефтер забрзано се полни со датуми, па затоа ги покануваме сите заинтересирани да нѐ контактираат што поскоро за да го добијат промотивниот свадбен пакет за цена која сум сигурен дека ќе ги израдува. Тука сме за да одговориме и на најпрефинетите барања за совршената свадба", порача Тиковски.

За новости од ресторанот за свадби "Ла Тана" следете нѐ на следниот линк.

За свадба од соништата завртете 078 200 544.

 

 

 

23.06.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега