ФОТО: Проширување на коловозна лента на „Партизанска“

 

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изведуваат градежни активности за проширување на коловозот на булеварот Партизански одреди за да се добие четврта коловозна лента за вртење во лево на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

-Проширувањето на коловозот се изведува со скратување и стеснување на средишната жардиниера од булеварот во должина од 100 метри и широчина од 3 метри. По завршувањето на овие градежни зафати, на посочениот потег ќе биде нанесен нов асфалтен слој, информираат од Град Скопје.

По завршувањето на оваа коловозна лента, ЈП „Улици и патишта“ планира проширување уште на четири крстосници по должината на булеварот Партизански Одреди каде што не постои простор за вртење лево.

 

 

 

 

 

08.06.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега